ЏАБЕ И ЖАРДИНИЕРИТЕ НА ГЕРАСИМОВСКИ, БОЕМСКАТА УЛИЦА ВО ДЕБАР МААЛО ПАК ПОЛНА СО ПАРКИРАНИ КОЛИ

    ЏАБЕ И ЖАРДИНИЕРИТЕ НА ГЕРАСИМОВСКИ, БОЕМСКАТА УЛИЦА ВО ДЕБАР МААЛО ПАК ПОЛНА СО ПАРКИРАНИ КОЛИ50 жардиниери со зеленило беа поставени од двете страни на улицата за да се скрати просторот за диво паркирање. (Фото: СДК.МК)

    Не помагаат ниту жардиниерите кои Општина Центар ги постави на Боемската улица во Дебар Маало, за да се спречи дивото паркирање коли. Пред три недели, 50 жардиниери со зеленило беа поставени од двете страни на улицата за да се скрати просторот за паркирање, но џабе.

    На улицата и понатаму секој ден слободно се паркираат коли од гостите во кафеаните. Сопствениците на возилата ги поместуваат жардиниерите и се паркираат меѓу нив. Дел од нив се паркираат и врз подземните контејнери искористувајќи го тоа што просторот околу нив е слободен за да може камионите на ЈП „Комунална хигиена“ да го собираат ѓубрето.

    Полиција и пајак да казнуваат никогаш нема.

    Боемската улица 2 постојано е окупирана со коли бидејќи за разлика од Боемска 1 не е пешачка зона. Ексградоначалникот Саша Богдановиќ во својот мандат велеше дека единствено решение за овој проект е таа да се затвори за сообраќај, за што изготвиле решение, но чекаат Министерството за внатрешни работи да им го одобри. Но и по 4 години нема одобрение од МВР

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира