СТОМАТОЛОШКАТА ПОЛИКЛИНИКА „КРУНА МС“ СЛАВИ 30 ГОДИНИ РАБОТА И 150 ИЛЈАДИ ПОСЕТИ ОД ПАЦИЕНТИ

    СТОМАТОЛОШКАТА ПОЛИКЛИНИКА „КРУНА МС“ СЛАВИ 30 ГОДИНИ РАБОТА И 150 ИЛЈАДИ ПОСЕТИ ОД ПАЦИЕНТИТимот на „Круна МС“ во чиј состав е и првата приватна клиника за максилофацијална хирургија. (Фото: Круна МС“)

    Поликлиниката „Круна МС“ во Скопје годинава одбележува триесет години работа, во кои се истакнуваат спојот на научното истражување и најновата технологија во стоматологијата.

    Оттаму велат дека поликлиниката е пионер во приватната стоматолошка дејност во земјава, и од основањето во 1991 досега регистрирани се 150.000 посети на пациенти од земјата и странство. Тие имаат и премиум партнерство со најголемата светска здравствена осигурителна компанија Интернешнл СОС како и други меѓународни осигурителни компании од областа на здравството.

    Тимот низ годините го води проф.д-р Славе Наумовски, и во постоењето се издвојува и фактот дека кај нив е поставен првиот приватен стоматолошки рентген панорамикс кабинет во земјава, првиот стоматолошки дигитален РТГ кабинет, како и дека први го претставија ласерското белеење на забите на пациентите.

    Составен дел на „Круна МС“ е  првата приватна клиника за максилофацијална хирургија-хирургија на лице вилици и врат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира