ПОРТПАРОЛИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СТОИЛКОВСКИ, АРСОВСКИ И МИТЕВА ЌЕ БИДАТ ВО УПРАВНИTE ОДБОРИ НА ЈСП И „ВОДОВОД“, АКТЕРКАТА ЖУГИЌ ВО МКЦ

    ПОРТПАРОЛИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СТОИЛКОВСКИ, АРСОВСКИ И МИТЕВА ЌЕ БИДАТ ВО УПРАВНИTE ОДБОРИ НА ЈСП И „ВОДОВОД“, АКТЕРКАТА ЖУГИЌ ВО МКЦПредлог-одлуката за нови членови на управните и надзорните надзори во јавните претпријатија и институции ќе се гласа на седницата на Советот на Град Скопје в среда. (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

    Портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, Димче Арсовски и Марија Митева ќе бидат членови на новите управни одбори на дел од јавните претпријатија на Град Скопје. Според Предлог-одлуката за именување на нови членови, предложена од група советници, и која треба да се гласа на седницата на Советот на Град Скопје в среда, Наум Стоилковски е предложен за член на управниот одбор на ЈСП „Скопје“. Димче Арсовски и Марија Митева се предложени да бидат дел од управниот одбор на „Водовод и канализација“.

    Поранешниот фудбалер Игор Кралевски ќе биде член на управен одбор на ЈП „Градски паркинг“.

    На седницата, исто така, ќе се бираат и членови на управните и надзорните одбори и на  културните институции под надлежност на Градот. За Младинскиот културен центар како член на УО се предлага актерката и поранешна директорка на Театар Комедија Јелена Жугиќ, како и раперот од „Пука козметика“ и кандидат за советник на Град Скопје од Левица Жарко Масларковски.

    Новата градоначалничка Данела Арсовска постави нови директори на повеќето јавни претпријатија. Во културните институции уште не е сменет ниту еден директор.

    A. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира