МРАЗОТ И СЛАНАТА КОИ ПРОЛЕТВА ПАДНАА НАЈМНОГУ ШТЕТА ПРЕДИЗВИКАА ВО РОСОМАН, ОВОШТАРИТЕ УШТЕ НЕ СЕ ОБЕСШТЕТЕНИ

    МРАЗОТ И СЛАНАТА КОИ ПРОЛЕТВА ПАДНАА НАЈМНОГУ ШТЕТА ПРЕДИЗВИКАА ВО РОСОМАН, ОВОШТАРИТЕ УШТЕ НЕ СЕ ОБЕСШТЕТЕНИРодот бил уништен од мраз, слана и сињак. (Фото: СДК.МК)

    Сланата и мразот, кои паднаа пролетва во април, годинава најмногу ги погодија овоштарите и лозарите од Општина Росоман, каде измрзна 90 отсто од родот. Проценките од формираните комисии покажале дека е предизвикана штета од 452,7 милиони денари, кај 729 производители. Во соседната Општина Градско, причинета е штета од 143 милиони денари, кај 106 одгледувачи. Во Велешко, причинетата штета беше проценета на 8,6 милиони денари.

    Родот бил уништен од мраз, слана и сињак. Штетите биле констатирани кај насадите од грозје, праска, кајсија, круша, слива, бадем, јаболка, цреша.

    Елаборатот за проценета штета од измрзнувањето што зафатија дел од териториите на Општините Росоман, Градско и Велес на 8 и 9 април годинава бил испратен до Генералниот секретаријат на Владата и Републичката комисија за проценка на штети од природни непогоди и други несреќи, со предлог за целосно или делумно обесштетување.

    По реакциите дека сè уште нема одлука со колкав процент ќе бидат обесштетени овоштарите и лозарите, од Владата соопштија дека надлежната Комисијата била задолжена да продолжи со процедурата за проценка и утврдување на штетата по предметите од овие општини, по пристигната коригирана документација. Рокот за постапување по овие предмети изнесува 120 дена од пристигнувањето на елаборатите.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира