Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ во Велес, најстарото или прво во Македонија, одбележува 75 години од постоењето. Поради пандемијата на ковид-19, немаше свечености, концерти и одбележувања, но затоа училиштетонабави два нови концертни клавира, марка „фојрих“.
Произведувачот е проучена, светски позната германска марка со вековна традиција, која инструментите ги произведува во Австрија. Вредноста на двата клавира е околу три милиони денари, средства добиени од Општината.
„Набавените клавири за нас се од огромно значење. Ретко се случуваат вакви нешта, за што говори во прилог дека ниту едно основно, а малку од средните училишта во земјава, имаат вакви инструменти. Тие се основата на напредокот на учениците, без инструмент не може да се напредува во музиката“, вели Светлана Ташева, директорка на улиштето.
По набавката на овие два клавира веста бргу се проширила, па интерес за концерти во училиштето најавиле врвни пијанисти од Македонија.
Во „Стефан Гајдов“ настава посетуваат 200 ученици од Велес, кои учат на повеќе инструменти. Од есенва, новина е воведувањето наставен предмет Народни инструменти.
„Тоа е од големо значење, да се шири и тој вид на музика. За почеток има интерес, не е така голем, верувам дека децата не знаат дека има изучување на овие инструменти, но за почеток е доволно. Очекувам дека со годините ќе се прошири интересот“, вели Ташева.
Музичкото школо „Стефан Гајдов“ е формирано на 15 јануари 1946, a првиот концерт учениците го имале на 31 март истата година.
П. ПЕЧКОВ