ВЕШТАЧЕЊЕ ЗА ИШАРАНАТА ФАСАДА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ГО ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО НА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЕШТАЧЕЊЕ ЗА ИШАРАНАТА ФАСАДА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ГО ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО НА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ

    Судењето на активистот на Шарената револуција и кандидат за пратеник во коалицијата СДСМ Павле Богоевски за боење на фасадата на Министерството за култура пак се одложи, бидејќи обвинителката достави вештачење за штетата, изготвено според датумот, на 5 мај, два и пол месеци пред да биде поднесено обвинението.

    И за судијата беше изненадување овој документ, кој вели дека штетата од фрлањето боја била пресметана на 378.000 денари, бидејќи минатиот пат судењето се одложи токму поради тоа што министерството немаше пријавено штета кон обвинителниот акт против Богоевски. Во обвинението стоеше само „значителна материјална штета”.

    Вештачењето го поднесе обвинителката, која тврдеше дека и таа го добила дури на деветти овој месец, а Богоевски и Судот, првпат дознаа дека постои на денешното рочиште, поради што и одбраната побара и доби одлагање за 21. идниот месец.

    Богоевски не даде изјава, бидејќи е кандидат за пратеник и би го скршил Изборниот законик. На судењето дојде и повиканиот претставник од Министерството за култура, кој требаше да даде изјава пред судот колкава била материјалната штета врз фасадата на оваа зграда која се смета за споменик на културата.

    Седум учесници на демонстрациите на Шарената револуција во Скопје добија кривични пријави од полицијата поради „основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело“.

    Кривичните пријави се за протестот на 18 април кога беше боена фасадата на Министерството за култура, за кој МВР вели дека е објект од значајно културно наследство. Полицијата открива дека ги лоцирала напаѓачите со балони со боја од снимен видеоматеријал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира