БЕРЛИНСКИТЕ НОЌНИ КЛУБОВИ ПРИВРЕМЕНО ЌЕ СТАНАТ ЦЕНТРИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ

    БЕРЛИНСКИТЕ НОЌНИ КЛУБОВИ ПРИВРЕМЕНО ЌЕ СТАНАТ ЦЕНТРИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕСпоред сегашните мерки, во ноќните клубови во Берлин не смее да се танцува

    Неколку ноќни клуба од Берлин од понеделник ќе станат центри за вакцинирање против ковид-19, објави Комисијата за клубови, организација која ги обединува берлинските места за забава.

    Тие се надеваат дека од 3 до 9 јануари ќе успеат да вакцинираат околу 4.500 луѓе, а закажувањата се прават преку интернет.

    „Особено сега кога омикрон се шири со голема брзина, секоја вакцина е важна. Секоја навреме примена вакцина ја олеснува ситуацијата во болниците и спасува животи. Ако нашите клубови барем малку можат да помогнат во скротувањето на следниот бран, ние сме тука“, изјави Саша Диселкамп, промотерот на клубот „Сејџ бич“.

    Според сегашните мерки, во ноќните клубови не смее да се танцува, па речиси сите решија да не работат на неодредено време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира