КОЛОРАДО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ КОИ УНИШТИЈА СТОТИЦИ ДОМОВИ

    КОЛОРАДО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ КОИ УНИШТИЈА СТОТИЦИ ДОМОВИОфицијални лица кажаа дека е можно да има загинати и повредени (Фото: АП)

    Гувернерот на Колорадо, Џеред Полис, прогласи вонредна состојба, додека десетици илјади луѓе се евакуираат, а стотици домови се уништени во големите пожари што се шират низ оваа американска сојузна држава. Официјални лица кажаа дека е можно да има загинати и повредени.

    На околу 30.000 луѓе од градовите Лујвил и Супириор им беше кажано да ги напуштат своите домови.

    „Овој пожар е голема природна сила. Можеме само да се надеваме дека ветровите ќе се смират и дека времето ќе се промени“, изјави Полис.

    Ветрови со брзина од 170 километри на час ги разгоруваат пожарите, кои уследија по уште една екстремна суша, кои во Колорадо зачестија во изминатите години. И додека претходните пожари во Колорадо зафатија рурални области, сега повеќе се погодени приградски делови.

    „Во областа на Супириор се уништени речиси 600 домови, како и хотел и трговски центар. Најмалку седум лица се повредени“, изјави шерифот на округот Боулдер, Џо Пел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира