ГРЧКИОТ МИТРОПОЛИТ КОЈ КАЖА ДЕКА ГОСПОД ГО ШТИТИ ОД ЗАРАЗА ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    ГРЧКИОТ МИТРОПОЛИТ КОЈ КАЖА ДЕКА ГОСПОД ГО ШТИТИ ОД ЗАРАЗА ПОЧИНА ОД КОВИД-19Космас беше жесток критичар на владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот (Фото: Интајм)

    Митрополитот на грчкиот округ Етолија-Акарнанија, Космас, кој отворено се противеше на вакцинирањето, почина на 76 години по едномесечна борба со ковид-19. Космас, кој одбивал да се вакцинира, бил примен во болница на 1 декември, по што завршил на интензивна нега.

    Космас беше жесток критичар на владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи носење маска. За време на една богослужба минатата година, тој ги нападна сите оние кои не сакаа да влегуваат во преполни цркви, нарекувајќи ги неверници.

    „Господ не дозволува да се заразите. Господ не заразува! Ова е свето место, храмот е небесен“, кажа тој.

    Космас лани бил повикан од Светиот синод да објасни зошто не ја почитува едногласната одлука на Грчката православна црква во врска со коронамерките за време на Велигден. Седумдесет и петгодишната сестра на Космас, која исто така не била вакцинирана, почина од ковид-19 минатиот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира