КАМЧЕВ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР, АПЕЛАЦИЈА ГО ОСЛОБОДИ СО ГАРАНЦИЈА ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРА

    КАМЧЕВ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР, АПЕЛАЦИЈА ГО ОСЛОБОДИ СО ГАРАНЦИЈА ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРАОбвинетиот Камчев на последното рочиште од „Плацеви на Водно“. (Фото: СДК.МК)

    Бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, излегува од притвор откако Апелациониот суд Скопје денеска ја прифати неговата жалба, со гаранција од 11 милиони евра во имот и кеш, потврдија од судот за државната агенција МИА.

    Камчев од 30 декември е на лекување во приватната болница „Аџибадем Систина“, откако во затворот во Шутка се пожалил на силни и континуирани болки во стомакот.

    Камчев е во притвор од март 2021, кога беше приведен под сомнеж дека планира бегство. Со денешната одлука на Скопска апелација, тој ќе биде без пасош, и со обврска еднаш неделно да се јавува во судот.

    На 29 декември 2021, Апелациониот суд го ослободи од притвор Сашо Мијалков, исто така, обвинет во „Плацеви на Водно“. И неговата гаранција беше 11 милиони евра, во недвижен и движен имот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира