ПРВ СЛУЧАЈ НА ФЛУРОН ВО МАКЕДОНИЈА, ОТКРИЕН КАЈ ПОВРАТНИК ОД САД

    ПРВ СЛУЧАЈ НА ФЛУРОН ВО МАКЕДОНИЈА, ОТКРИЕН КАЈ ПОВРАТНИК ОД САДФлурон е комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот. (Фото: СДК.МК)

    Првиот случај на флурон во земјава, што е комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот, е откриен кај 26-годишен пациент од Општина Зајас, соопшти Министерството за здравство.

    „Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција ковид-19/инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за ковид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во Макеоднија. Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика“, соопшти Министерството.

    Флуронот го детектирала лабораторијата „Синлаб“ и го информирала Институтот за јавно здравје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира