85-годишен пензионер од Индија 12 пати се вакцинирал против ковид-19 и сака уште. Верува дека дозите излечиле многу од неговите болести.
„Помалку ме боли грбот, немам веќе толку голема општа слабост, а и апетитот ми е подобар. Почувствував дека вакцините ми годат на општото здравје“, вели Брамдео Мандал.
Пензионираноот поштар од северната индиска држава Бихар вели дека првата доза ја примил лани на 13 февруари во локалната клиника, и оттогаш не запрел. Ги има забележано местото и датумот на секоја примена доза во џебно тефтерче. Деветтата доза, вели, му била на 24 септември во 12.31 часот во болница во Калашан, областа Мадепура.
„Барам каде има вакцинални пунктови и одам таму. Никој не ме препознава“, вели Мандал.
Шефот на здравствените власти во Мадепура вели дека зборувал со Мандал и оти формирал тричлена комисија да го истражи случајпт и да ја утврди вистината.
Мандал вели дека за 9 од 12-те дози при регистрирацијата користел лична карта и мобилен телефон. Потоа, се префрлил на други форми на идентификација, како гласачката картичка и мобилните телефони на сопругата и пријателите. Не се знае како е откриен, но најверојатно некој го поткажал на локалните медиуми оти тој се фали со примените вакцини. Властите во Мадепура исто така го истражуваат случајот.
Нема индикација дека вакво екстремно јакнење на имуниот систем со 12 дози може да даде некаква вистинска корист или пак да помогне за нешто друго освен за она за што вакцината е наменета. Всушност, тема на тековната дебата е дали постојаното зајакнување на имуниот систем може да го замори или пак да го спречи да одговара на идните верзии на вакцината.
Само истрага може да утврди дали Мандал навистина примил 12 дози како што тврди. Но, сигурно е дека има многу неправилности во процесот на вакцинација во Бихар, додека во Индија трае кампањата за масовна имунизација при што досега се дадени 1,5 милијарди дози.
Во многу области евиденцијата на вакцинирание е рачна, на хартија, и тоа веројатно му овозможило на Мандал да се вакцинира кај стигне и тоа секој месец. Тој признава дека при секоја регистрација го прашувале дали е вакциниран, а тој секојпат кажувал дека не е. Властите велат дека е чудно што податоците за неговата вакцинација не се појавиле кога веќе биле внесени во системот, а Мандал вели дека ќе бара и нови пунктови оти сака уште да се вакцинира.