ПОЛИЦИЈАТА СПАСИ ДЕВЕТМИНА СКИЈАЧИ НА ПОПОВА ШАПКА KОИ ЗАЛУТАЛЕ ВО МАГЛА 

    ПОЛИЦИЈАТА СПАСИ ДЕВЕТМИНА СКИЈАЧИ НА ПОПОВА ШАПКА KОИ ЗАЛУТАЛЕ ВО МАГЛА Скијачите на возраст од 15 до 45 години биле од Тетово, Скопје, Куманово и од Косово. (Фото: СДК.МК)

    Во густата магла денеска на Попова Шапка деветмина скијачи залутале на скијачките патеки. Меѓу нив имало лица од Тетово, Скопје, Куманово и од Косово, а брзо биле пронајдени со брза интервенција на полицијата од Полициското одделение на Попова Шапка и вработените на ЕЛЕМ Турс.

    „Денеска во 10 часот и 30 минути, двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години, во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат. Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од Елем Турс веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон. Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира