Најмалку 19 луѓе, од кои 9 деца, загинаа во пожар во зграда во Бронкс, најстрашниот во Њујорк последниве 30 години. Децата се на возраст од 16 години или помлади. Тринаесет повредени се во болница во критична состојба.
Над 50 луѓе се повредени, повеќето настрадале од вдишување чад, вели полицијата. Властите велат дека бројот на жртви е ужасен и дека ова е еден од најстрашните пожари без преседан во градот.
Пожарникарите нашле жртви на секој кат и ги изнесувале со тешки повреди. Над 200 пожарникари го гаселе пожарот. Според првичните сознанија, пожарот бил на третиот кат на 19-катницата, а пламенот излегувал низ прозорците. Вратата била отворена поради што пожарот лесно се проширил. Истрагата е во тек.