Вечерва во Скопје се почувствува серија верижни земјотреси. земјотресот силно се почувствува и во Битола и други делови во Македонија. Околу 22.43 часот почна да тресе и за една минута чувството беше дека се случија уште најмалку уште два земјотреса.
Според Европската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,8 степени бил во Грција, на 5 км североисточно од Лерин. Кусо по првиот следеле и уште два послаби потреса од 3,5 и 4,2 степени.
Битолчани вознемирени излегоа на улиците, во некои куќи има и испукани ѕидови во собите. Засега нема извештаи за штети.