За продолжениот викенд за божикните празнци, кога матичните доктори не работеа, екипите од Итната помош од Велес имаа видно зголемен број прегледи. Од средата после 20 часот до утрово во 8 часот, имале 537 прегледи, по 136 на ден или по пет на час. Имале 122 теренски посети во Велешко во истиот период.
„Овој продолжен викенд имаше зголемен број на пациенти, многу повеќе отколку во работните денови. Најчесто се жалеа на инфекции на горнореспираторен систем, болки во грло, растечен нос, покачена температура, кашлица“, кажа д-р Василка Пановска, началничка на Итната помош при Здравствен дом Велес.
Според вкупниот број прегледни, најголемиот дел биле преку ден – 438, како и домашните посети – 90. Останатите биле во ноќна смена. На прашањето дали некој во текот на ноќта побарал лекарска помош од почувствуваниот земјотрес синоќа околу 22.45часот, д-р Јадранка Мишкова, дежурна докторка изминатата ноќ, рече дека немале ниту повик ниту посета за евентуално повреден или преплашен граѓанин.
П. ПЕЧКОВ