КРАЛИЦАТА МУ НАРЕДИ НА ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ ДА ГИ ВРАТИ СИТЕ КРАЛСКИ И ВОЕНИ ТИТУЛИ

    КРАЛИЦАТА МУ НАРЕДИ НА ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ ДА ГИ ВРАТИ СИТЕ КРАЛСКИ И ВОЕНИ ТИТУЛИВирџинија Гифре тврди дека била сексуално нападната од Ендрју во Лондон и Њујорк во 2001

    Британскиот принц Ендрју мора да ги врати сите свои воени и кралски титули на кралицата, објави Бакингамската палата и официјално веќе нема да го ословуваат со негово височество. Ова следува само ден откако американскиот суд пресуди дека на војводата од Јорк ќе може да му се суди за сексуален напад врз жена која тогаш имала 17 години.

    Вирџинија Гифре, која изнесе обвиненија и против сега покојниот сексуален престапник и педофил Џефри Епстајн, тврди дека била сексуално нападната од Ендрју во Лондон и Њујорк во 2001. Адвокатите на Ендрју сметаа дека случајот треба да биде отфрлен, повикувајќи се на договор што Гифре го потпишала со Епстајн во 2009, за што добила 500.000 долари. Њујоршки судија вчера пресуди дека договорот не го вклучува и Ендрју.

    „Со одобрување и согласност од кралицата, воените титули и кралските покровителства на војводата на Јорк ѝ се вратени на кралицата. Војводата од Јорк во иднина нема да презема никакви јавни должности и ќе се брани во случајот како приватен граѓанин“, соопшти Бакингамската палата.

    Вториот син на кралицата Елизабета Втора постојано ги негира обвинувањата. Во интервјуто со Би-Би-Си во 2019, тој изјави дека не се сеќава дека некогаш ја запознал Гифре и дека немал секс со неа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира