КАМЕНОТ ОД БЛИСКУ ДОАЃА, СЕКОЈ СУДИЈА ВО КРИВИЧНИОТ СУД Е ДУЌАНЧЕ, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПАНЧЕВСКИ

    КАМЕНОТ ОД БЛИСКУ ДОАЃА, СЕКОЈ СУДИЈА ВО КРИВИЧНИОТ СУД Е ДУЌАНЧЕ, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПАНЧЕВСКИ„Оваа вонредна седница на Судскиот совет е само со една цел. Како да се поправи ситуацијата со слабата оценка на сегашниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски. На него последната оценка му е тројка“, велат судиите што поднесоа претставка против Панчевски (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски, по вчерашниот инцидент во кој вербално и физички била нападната портпаролката на Судот од нејзин колега, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека чинот е срамен и за жал, ќе остави лоши лузни на угледот врз Кривичниот суд.

    На прашањето што се случува последниве две-три недели во дворот на најголемиот суд во Македонија, Панчевски вели:

    “Чудно е ова, веќе не е смешно. Нема ден да нема некоја монтировка. Само знам дека ништо не е случајно. Не беше случајно ни интервјуто на претседателката Лидија Неделкова во кое изнесе критики кон мене. Можам да кажам дека од измислени работи тешко се бега. Но, не се откажувам од кандидатурата за повторен избор. Ќе издржам до последен здив“.

    Тој смета дека политичката ситуација влијаела врз напаѓачот Г. С., раководител на одделот за човечки ресурси, да ѝ се втурне во канцеларија на портпаролката, да ја навреди и да ѝ се закани.

    “Знаете како е. Каменот од блиску доаѓа. Овој човек имаше и порано испади, а јас сакајќи да го смирам неговото поведение, го унапредив дури три скалила. Пред да ја нападне портпаролката, цела недела преку анонимни претставки ја повикува Трудовата инспекција. Јас се расправам со инспекцијата на министерката за труд и социјала Фросина Ременски, бидејќи пријавил дека вработени од моја страна биле прераспоредувани на други места во судот. Инспекцијата не најде ништо, а тој веќе пријави уште еден случај, бидејќи ниту судиите, ниту вработените од администрацијата не сме биле на задолжителните систематски прегледи. Откако објаснив дека немаме средства за тоа од Судскиот буџет, инспекцијата прифати и си замина“, вели Панчевски.

    lidija-nedelkova-001

    Претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова за која Панчевски вели дека не било случајно интервјуто во кое го критикувала. „ Но, не се откажувам од кандидатурата за повторен избор. Ќе издржам до последен здив“, вели тој.

    Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека добил известување со ваква содржина, со 15 кратки потписи и дека ќе го земе предвид, иако известувањето, како што рече, било анонимно, без имиња и презимиња на потпишаните.

    Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека добил  петиција со 15 кратки потписи и дека ќе го земе предвид, иако известувањето, како што рече, било анонимно, без имиња и презимиња на потпишаните.

     

     

     

     

     

     

     

    Тој најави дисциплинска постапка против Г. С, настрана од тоа што полицијата ќе постапува по пријавата од нападнатата портпаролка. Вели дека станува збор за потешка дисциплинска постапка, бидејќи едно лице доведува до нарушување на односите во институцијата. Повикувајќи се на фотодокументација објавена во медиумите, Панчевски тврди дека Г. С. е запален опозиционер, кој ѝ се втурнал на недолжната портпаролка.

    Панчевски вели дека не може да знае какви сѐ карактери има меѓу 400-темина вработени во Основниот суд Скопје 1 и дека не може да знае дека до овој степен може некој да биде насилник на работното место.

    Скандалите околу Панчевски почнаа со поднесувањето на кривичната пријава против него од судијата за прекршоци Иван Џолев до ОЈО Скопје, за незаконско влијание за носење одлука врз судија и за поткуп. За кусо време се откри дека Панчевски нему претходно му поднел претставка за разрешување, до Советот за утврдување на факти за разрешување на судија. Минатата недела кога Панчевски беше сослушан во обвинителството, тој на официјалната веб-страна на Основниот суд Скопје 1 објави соопштение за тоа додавајќи во содржината дека истиот момент, откако ја дал изјавата, му поднел контра-кривична пријава на судијата Џолев, за давање лажен исказ. Во исто време, Џолев му поднесе и нему претставка за разрешување пред Советот за утврдување на факти. Двете претставки сѐ уште не се дојдени во Судскиот совет, а обвинителството не дава детали за постапките по тужбите Џолев против Панчевски и Панчевски против Џолев.

    Знаете што, секој судија во Основниот суд Скопје 1 е дуќанче, секој судија е чешмичка. Чешмичките им се затворија, па затоа се бесни“

    Скандалите околу Панчевски почнаа со поднесувањето на кривичната пријава против него од судијата за прекршоци Иван Џолев до ОЈО Скопје, за незаконско влијание за носење одлука врз судија и за поткуп. За кусо време се откри дека Панчевски нему претходно му поднел претставка за разрешување, до Советот за утврдување на факти за разрешување на судија.

    „СЕКОЈ СУДИЈА ВО КРИВИЧНИОТ СУД Е ЧЕШМИЧКА“

    Вчера, пред да се случи инцидентот, 15 судии од Основниот суд Скопје 1 со петиција побараа од Судскиот совет да преземе мерки против претседателот Панчевски, со оглед на тоа што за приватни тужби и одговор на тужба против него, го злоупотребил  Кривичниот суд, со што го урнисува угледот на Судот. Велат тоа го направил од позиција на сила и моќ. Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека добил известување со ваква содржина, со 15 кратки потписи и дека ќе го земе предвид, иако известувањето,  како што рече, било анонимно, без имиња и презимиња на потпишаните.

    Панчевски за ова вели: “Кои се тие судии, зошто се кријат? Стојат зад пресуди, а ваму се кријат со скратен потпис. Знаете што, секој судија во Основниот суд Скопје 1 е дуќанче, секој судија е чешмичка. Чешмичките им се затворија, па затоа се бесни“, открива сега и Панчевски кој сѐ работи во најважниот суд во Македонија, во кој спаѓаат и одделот за организиран криминал и корупција, судот за прекршоци, за малолетници и други оддели.

    Само за илустрација, вели Панчевски, „токму овие 15 судии, кои ме обвинуваат дека сум го злоупотребил официјалниот сајт на судот, го натерале судскиот доставувач да го однесе известувањето до Судскиот совет. Ете кој злоупотребува за лични цели“, рече тој и за САКАМДАКАЖАМ.МК приложи изјава на судскиот доставувач.

    Соња КОЛЕВСКА

    ТЕПАЧКА ВО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1, ПАНЧЕВСКИ НЕ БИЛ ВМЕШАН, ИНТЕРВЕНИРАЛА И ПОЛИЦИЈАТА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира