КОВАЧЕВСКИ ГО ПРЕЧЕКА ПЕТКОВ

    КОВАЧЕВСКИ ГО ПРЕЧЕКА ПЕТКОВДвајцата премиери имаат средба во Владата, по што ќе одржат заедничка прес-конференција во 11.45 часот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Бугарскиот премиер Кирил Петков утринава имаше церемонијален пречек со високи државни и воени почести пред Владата, придружуван од домаќинот, македонскиот премиер Димитар Ковачевски. По пречекот, двајцата имаат средба во Владата, по што ќе одржат заедничка прес-конференција во 11.45 часот.

    Со Петков се дојдени потпретседателот на бугарското Народно Собрание Кристиан Вигенин, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за транспорт и врски Николај Сабев.

    Петков ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира