ЗА ЕДНА НЕДЕЛА УКРАДЕНИ ДВАЕСЕТИНА РЕШЕТКИ ОД СЛИВНИЦИ, НИЕДЕН КРАДЕЦ НЕ Е ФАТЕН, ВЕЛАТ ОД СКОПСКИ „ВОДОВОД“

    ЗА ЕДНА НЕДЕЛА УКРАДЕНИ ДВАЕСЕТИНА РЕШЕТКИ ОД СЛИВНИЦИ, НИЕДЕН КРАДЕЦ НЕ Е ФАТЕН, ВЕЛАТ ОД СКОПСКИ „ВОДОВОД“Денеска на улиците Среќко Пужалка и Финска се украдени 13 решетки, а минатата недела на истите места снемало 10. (Фото: Водовод и канализација)

    За една недела се украдени дваесетина решетки од сливници во Скопје. Од ЈП „Водовод и канализација“ велет дека и покрај апелите не можат да излезат на крај со крадците. Иако е пријавено во полиција, досега не е фатен ниту еден крадец.

    Денеска на улиците Среќко Пужалка и Финска се украдени 13 решетки, а минатата недела на истите места снемало 10.

    „Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок. Упатуваме апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатиот период. Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот”, велат од „Водовод и канализација“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира