Транспаренти со навредлива содржина упатена на адреса на Преспанско-пелагонискиот владика Петар синоќа биле прикачени на вратата од Митропилијата во Битола.
Tранспарентите беа поставени анонимно, без потпис кој ги напишал. На едниот од транспарентите пишуваше “Владико ти не го заслужуваш Христовиот дом, епархијата, црквите”. Вториот транспарент беше со напис “Црквата не е бизнис корупција во која ти си џенерал менаџер, Јудооо.”
Владиката Петар вели дека не ги видел транспарентите и додава дека сите луѓе што анонимно сакаат да нанесат штета некому, најверојатно се нечесни, во спротивно тоа би го направиле откривајќи го својот идентитет.
Веќе 20 години траат судските процеси за црковниот имот во Австралија меѓу владиката и црковните општини и досега по австралиските судови се потрошени околу милион австралиски долари.