Американскиот пејач и актер Мит Лоуф почина на 74 години, објави неговото семејство на Фејсбук.
Роден во Далас како Мајкл Ли Адеј, тој оствари огромен комерцијален успех со дебитантскиот албум „Bat Out of Hell“ од 1977 година, напишан и компониран од Џим Стајнмен. Албумот се продаде во над 14 милиони примероци, со што е меѓу десетте најуспешни во американската музичка историја и подоцна беше адаптиран во мјузикл.
Мит Лоуф сними 12 албуми во кариерата и доживеа нов голем светски успех со вториот дел од трилогијата „Bat Out of Hell“, објавен во 1993. „Back Into Hell“ беше број еден во САД, Велика Британија и Австралија и ја содржи неговата најпрепознатлива песна „Би сторил сè за љубов (но нема да го направам тоа)“ (I’d Do Anything For Love (But I Won’t Do That), која беше на врвот на топ-листите во 28 земји и му донесе Греми награда.
Мит Лоуф повремено беше и глумец и имаше забележителни улоги во филмовите „Клуб на борци“, „Светот на Вејн“ и „Шоуто на Роки Хорор“.