БУГАРСКАТА ИСТРАГА УТВРДИ ДЕКА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ НА „БЕСА ТРАНС“ Е ВИНОВЕН ЗА НЕСРЕЌАТА СО 45 ЗАГИНАТИ

    БУГАРСКАТА ИСТРАГА УТВРДИ ДЕКА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ НА „БЕСА ТРАНС“ Е ВИНОВЕН ЗА НЕСРЕЌАТА СО 45 ЗАГИНАТИАвтобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември и веднаш по ударот автобусот се запали. (Фото: ЕПА)

    Бугарските истражители ја завршија истрагата за несреќата со автобусот на „Беса Транс“ во која загинаа 45 македонски граѓани, соопшти заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов. Како што кажа Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.

    „Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, изјави Сарафов за „БТВ“.

    Тој вели дека сега останува по судски пат да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.

    Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Веднаш по ударот автобусот се запали, при што загинаа 45 луѓе, а се спасија седум од патниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира