СКОПЈЕ СЕ ПРОСТИ ОД АКИ РАХИМОВСКИ СО ПЕСНИТЕ НА „ПАРНИ ВАЉАК“

    СКОПЈЕ СЕ ПРОСТИ ОД АКИ РАХИМОВСКИ СО ПЕСНИТЕ НА „ПАРНИ ВАЉАК“Рахимовски ќе биде погребан утре во Загреб (Фото: К. Попов)

    Скопје денеска се простуваше од својот сограѓанин Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, кој ненадејно почина во саботата на 66 години. Во организација на радио „Бубамара“, граѓаните му оддаваа почит на Рахимовски на Плоштад Македонија, каде што се запишуваа во книгата на жалост и запалија по некоја свеќа. Сето тоа во придружба на гласот на Аки.

    Во центарот на градот цел ден се слушаа песни од „Парни ваљак“, кои ги потсетуваа присутните на авторскиот потенцијал на групата и кај некои будеа емоции.

    Рахимовски е роден во Ниш, но пораснал во Скопје, град во кој често се враќаше, не само заради концерти и настапи. Во Загреб заминал како тинејџер и таму во 1975 ја основал групата „Парни ваљак“, преку која се афирмираше како еден од најдобрите вокали и фронтмени во поранешна Југославија. Во Македонија имаше бројни настапи, последниот во Битола летоска.

    Рахимовски ќе биде погребан утре во Загреб.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира