НАДАЛ ПОБЕДИ НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН И ЈА ОСВОИ 21. ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА

    НАДАЛ ПОБЕДИ НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН И ЈА ОСВОИ 21. ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛАНадал сега има една титула повеќе од Федерер и Ѓоковиќ, неговите долгогодишни ривали во таканаречената голема тројка. (Фото: АП)

    Рафаел Надал победи на Отвореното првенство на Австралија и прв стигна до 21-та Гренд слем титула. 35-годишниот Шпанец го собори машкиот рекорд за најмногу гренд слем титули во сингл, но мораше да го направи тоа на потешкиот начин враќајќи се од два изгубени сета за да го победи Русинот Даниил Медведев во финалето на Австралијан опен кое траеше 5 часа и 24 минути. Згреши кога сервираше за шампионската титула при 5-4 во петтиот сет, но не погреши следниот пат.

    „Даниил ти си неверојатен, јас сум бил на оваа позиција. Не се сомневам дека ќе го имаш овој трофеј неколку пати во кариерата бидејќи си неверојатен. Ова беше еден од најемотивните натпревари во мојата тениска кариера. Се најдобро за тебе во иднина“, рече Надал по мечот.

    Тоа беше второто најдолго финале на Австралијан опен откако Новак Ѓоковиќ го победи Надал во пет сета по 5 часа и 53 минути во 2012.

    Надал сега има една титула повеќе од Роџер Федерер и Ѓоковиќ, неговите долгогодишни ривали во таканаречената голема тројка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира