САД ЈА КОРИСТАТ УКРАИНА КАКО АЛАТКА ПРОТИВ РУСИЈА, ОБВИНИ ПУТИН

    САД ЈА КОРИСТАТ УКРАИНА КАКО АЛАТКА ПРОТИВ РУСИЈА, ОБВИНИ ПУТИНПутин вели дека САД воопшто не се грижат за безбедноста на Украина (Фото: АП)

    Владимир Путин ги обвини САД дека ја користат Украина како алатка за ограничување на Русија и дека воопшто не се грижат за нејзините национални интереси. Тој додаде дека САД ги игнорираат грижите на Русија и уште еднаш ја нападна идејата за придружување на Украина кон НАТО.

    „Што ќе се случи ако Украина влезе во НАТО и потоа се обиде со воена операција да го одземе Крим од Русија? Дали ќе мора да војуваме со НАТО? Дали некој помислил на тоа? Се чини дека не“, запраша Путин.

    Русија ги отфрла западните обвинувања дека подготвува инвазија, речиси осум години по анексијата на полуостровот Крим и крвавото востание во источните области на Украина. Москва истовремено ја обвини украинската влада дека не успеала да го спроведе меѓународниот мировен договор во источните региони, каде што во досегашните судири загинале најмалку 14.000 луѓе.

    „Ми се чини дека САД воопшто не се грижат за безбедноста на Украина, туку сакаат да го ограничат развојот на Русија. Во таа насока, Украина е само алатка за постигнување на таа цел“, изјави Путин за руските медиуми.

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денеска ѝ порача на Русија дека е време да ги повлече своите војници од границата ако не планира да ја нападне Украина. Борис Џонсон го посети Киев и предупреди дека руска инвазија ќе предизвика воена и хуманитарна катастрофа.

    „Се надевам дека ќе најдеме решение, иако сите сфаќаме дека тоа нема да биде лесно“, кажа Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира