КИНА ГО ПОДДРЖА СТАВОТ НА РУСИЈА ПРОТИВ ШИРЕЊЕТО НА НАТО

    КИНА ГО ПОДДРЖА СТАВОТ НА РУСИЈА ПРОТИВ ШИРЕЊЕТО НА НАТОПутин и Шји Џинпинг се сретнаа во пресрет на отворањето на Зимските Олимписки игри во Пекинг (Фото: АП)

    Кина ја поддржа Русија во противењето на натамошното ширење на НАТО, додека двете суперсили се зближуваат соочени со притисокот од западот.

    Владимир Путин се сретна со кинескиот претседател Шји Џинпинг во пресрет на отворањето на Зимските Олимписки игри во Пекинг, при што кажа дека го поддржува цврстиот став на Кина дека Тајван не треба да добие независност.

    Кремљ кажа дека разговорот помеѓу двајцата лидер бил топол и конструктивен. Путин е еден од ретките светски лидери кој ќе присуствува на церемонијата на отворањето на ОИ, откако голем број држави се приклучија на дипломатскиот бојкот поради кинескиот третман на ујгурските муслимани.

    Путин и Шји се согласија дека НАТО спроведува идеологија од Студената војна и изразија загриженост за новиот безбедносен пакт АУКУС, што го воспоставија САД, Велика Британија и Австралија.

    „Не постојат забранети области за соработка помеѓу двете земји“, соопшти Кремљ.

    Во заедничката изјава на Путин и Шји не се споменува Украина, која е предмет на нови тензии помеѓу Русија и западот. Москва постојано негира дека планира да изврши инвазија, иако распореди 100.000 војници покрај границата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира