Британската Кралица Елизабета Втора го искористи платинскиот јубилеј да ја редефинира иднината на монархијата, повикувајќи Војвотката на Корнвол да биде позната како Кралицата Камила кога Чарлс ќе стане Крал.
Кога Чарлс се ожени за Камила во 2005 година, двојката соопшти дека таа ќе биде позната како Принцеза Сопруга, иако има право на титулата Кралица. Тогаш на тоа се гледаше како признание за чувствителноста на титулата кога што првично беше наменета за првата жена на Чарлс, Дијана. Од истата причина, Камила не ја користи титулата Принцеза на Велс.
Кралицата обично се консултира со нејзините наследници Чарлс и Вилијам пред да донесе вакви важни одлуки, што сугерира дека двајцата се согласиле и сметаат дека британската јавност е подготвена да ја прифати Камила како Кралица.
95-годишната Елизабета Втора зборуваше за иднината на монархијата по повод 70-годишнината од нејзиното седнување на тронот.
„Кога мојот син Чарлс ќе стане Крал знам дека ќе му ја дадете него и на неговата сопруга Камила истата поддршка што ми ја дадовте мене. Моја искрена желба е, кога ќе дојде тоа време, Камила да биде позната како Кралица Сопруга“, кажа Елизабета Втора.