СУДОТ В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ДОПИНГ СЛУЧАЈОТ НА 15-ГОДИШНАТА ЛИЗГАЧКА ВАЛИЕВА

    СУДОТ В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ДОПИНГ СЛУЧАЈОТ НА 15-ГОДИШНАТА ЛИЗГАЧКА ВАЛИЕВАВалиева била тестирана уште на 25 декември (Фото: АП)

    Спортскиот арбитражен суд (ЦАС) в понеделник ќе реши дали 15-годишната руска лизгачка Камила Валиева ќе може да продолжи со настапите на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа ѝ помогна на Русија да го освои златото во екипна конкуренција во понеделникот, но медалите не беа доделени откако во меѓувреме се дозна дека имала позитивен допинг тест во декември.

    Валиева утревечер ќе биде сослушана зад затворени врати, по што в понеделник, ден пред нејзиниот следен настап, ќе биде донесена одлука.

    „Тоа ќе биде долга ноќ, сослушувањето би можело да трае четири-пет часа“, изјави генералниот секретар на ЦАС, Матју Реб.

    Валиева била тестирана уште на 25 декември, но дури во вторникот се дозна дека била позитивна на „триметазадин“, лек против ангина, кој истовремено го подобрува протокот на крвта и ја зголемува издржливоста поради што се наоѓа на листата на забранети супстанци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира