ПО ЕДНА НЕДЕЛА ЗАВРШИ БЛОКАДАТА НА КЛУЧНИОТ МОСТ КОЈ ГИ ПОВРЗУВА КАНАДА И САД

    ПО ЕДНА НЕДЕЛА ЗАВРШИ БЛОКАДАТА НА КЛУЧНИОТ МОСТ КОЈ ГИ ПОВРЗУВА КАНАДА И САДПолицијата кажа дека се уапсени 30-ина демонстранти на мостот „Амбасадор“ (Фото: Си-Ен-Ен)

    Најпрометниот копнен граничен премин во Северна Америка денеска повторно се отвори по речиси еднонеделната блокада од страна на демонстрантите кои се противат на задолжителното вакцинирање против ковид-19. Блокадата на мостот „Амбасадор“, кој ги поврзува Виндзор и Детроит, ја прекина клучната трговска маршрута и го парализираше сообраќајот помеѓу Канада и САД.

    „Неговото отворање повторно ќе овозможи слободен проток на трговијата помеѓу канадската и американската економија“, соопштија властите на Детроит.

    Демонстрантите од „Конвојот на слободата“ во изминатите две недели го парализираа и главниот канадски град Отава и ги попречуваа граничните премини меѓу Алберта и Монтана, Манитоба и Северна Дакота, како и меѓу Британска Колумбија и сојузната држава Вашингтон. Протестот го почнаа канадските камионџии кои се противат на задолжителното вакцинирање, но се прошири во општо незадоволство против коронамерките и политиките на владата на Трудо.

    Полицијата на Виндзор кажа дека се уапсени 30-ина демонстранти на мостот „Амбасадор“, чија блокада во петокот беше прогласена за незаконска од канадскиот суд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира