Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди вчерашната одлука на Русија за признавање на украинските региони Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“. Тој вели дека станува збор за директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина.
„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени ‘Народни Републики’. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015. Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат“, напиша Ковачевски на Твитер.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера кажа дека Ленин ја формирал на Украина и додаде дека таа никогаш немала традиција на сопствена државност.
Потоа рече дека веќе ги потпишал документите за признавање на независноста на народните републики Донецк и Луганск и дека ќе побара од рускиот парламент што поскоро да ги ратифицира.
Донецк и Луганск од 2014 се под контрола на проруските сепаратисти.