СЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА СЕ КЛУЧНИ ЗА УКРАИНА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ, РУСИЈА ПРВПАТ ПРИЗНА ДЕКА ИМА ЗАГУБИ

    СЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА СЕ КЛУЧНИ ЗА УКРАИНА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ, РУСИЈА ПРВПАТ ПРИЗНА ДЕКА ИМА ЗАГУБИРуските трупи вчера биле одбиени во Харков по уличните борби (Фото: АП)

    Претседателот Володимир Зеленски изјави дека следните 24 часа се клучни за Украина, додека низ земјата продолжуваат руските гранатирања и борбите.

    Жителите на Киев имаа релативно мирна ноќ и во седум часот излегоа од подземните скривници, откако истече полицискиот час воведен во саботата. Во првите четири дена од инвазијата, руските трупи не успеаја да заземат ниеден поголем град во Украина, меѓу кои и Харков, каде што вчера биле одбиени по уличните борби. Според Украинската државна итна служба, градот Чернив бил бомбардиран цела ноќ, додека градоначалникот на Бердјанск, сместен на брегот на Црното Море, изјави дека тој сега е под контрола на руските трупи.

    „Верувам дека следните 24 часа ќе бидат клучни за Украина“, кажа Зеленски во телефонскиот разговор со Борис Џонсон.

    Тој се согласил да разговара со Москва, а средбата треба да се одржи на неодредена локација на границата со Белорусија.

    Земји како Германија, Холандија, Шведска и Канада најавија дека ќе ја помогнат Украина со оружје, додека бившиот јапонски премиер Шинзо Абе предложи САД да распоредат нуклеарно оружје во Украина, како одговор на одлуката на Путин да ја подигне борбената готовност на своите нуклеарни сили.

    Русија првпат призна дека имала жртви и загуби во досегашниот дел од борбите, иако не кажа точни бројки, додека генералштабот на украинските вооружени сили го опиша вчерашниот ден како многу тежок.

    Украинското министерство за здравство кажа дека досега загинале 352 Украинци, меѓу кои и 14 деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира