САД ВЕЛАТ ДЕКА БЕЛОРУСИЈА ЌЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО РУСКАТА ИНВАЗИЈА ДОДЕКА СЕ НАМЕТНУВА КАКО МИРОВЕН ПОСРЕДНИК

    САД ВЕЛАТ ДЕКА БЕЛОРУСИЈА ЌЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО РУСКАТА ИНВАЗИЈА ДОДЕКА СЕ НАМЕТНУВА КАКО МИРОВЕН ПОСРЕДНИКМинистерството за надворешни работи на Белорусија објави фотографија од местото каде што ќе се сретнат руска и украинска делегација

    Белоруските гласачи ги одобрија уставните реформи со кои се дозволува распоредување на нуклеарното оружје во земјата за првпат од прогласувањето на независноста во 1991 година. Ова се случува паралелно со најавите дека и Белорусија ќе испрати свои трупи во Украина за да помогне во руската инвазија.

    Цитирајќи неименуван американски функционер, „Вашингтон пост“ објави дека Белорусија уште денеска би можела да распореди трупи за борба. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека белорускиот лидер Александер Лукашенко во телефонски разговор му ветил дека нема да праќа војска во Украина.

    Министерството за надворешни работи на Белорусија објави фотографија од местото каде што ќе се сретнат руска и украинска делегација. Портпаролот на министерството Анатоли Глаз кажа дека разговорите ќе почнат наскоро.

    „Не очекувам ништо од овие разговори, но ајде да пробаме“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира