ВИКЕНДОВ ЗАПАЛЕНИ ТРИ КОНТЕЈНЕРИ НА СКОПСКИ БИТ ПАЗАР, ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА УНИШТЕНИ ВКУПНО ДЕСЕТ

    ВИКЕНДОВ ЗАПАЛЕНИ ТРИ КОНТЕЈНЕРИ НА СКОПСКИ БИТ ПАЗАР, ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА УНИШТЕНИ ВКУПНО ДЕСЕТКонтејнери низ Скопје се палат постојано години наназад, но досега никој не е фатен и казнет.(Фото: Комунална хигиена)

    Изминатиов викенд запалени се три контејнери на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар во Скопје. Како што соопшти ЈП „Комунална хигиена“, опожарените контејнери се со зафатнина од 3,2 метри кубни и сите се целосно уништени и неупотребливи.

    „Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно девет пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ‘Комунална хигиена‘ во најкус можен рок сите опожарени садови ги замени со нови. Апелираме да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа“, велат од „Комунална хигиена’.

    Контејнери низ Скопје се палат постојано со години, но досега никој не е фатен и казнет. Од претпријатието велат дека сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира