Банката на Русија, централната банка во земјата, соопшти утринава дека Московската берза нема да отвори денеска „поради актуелната состојба“.
Централната банка додаде дека утре во 9 часот ќе соопшти кога ќе отвори берзата. Исто така, централната банка времено им забрани на брокерите да работат со нерезиденти.
Руската централна банка утринава и повеќе од двојно ја зголеми каматната стапка, од 9,5% на 20% во обид да ги стабилизира финансиските пазари во земјата, по воведувањето на санкции од Западот поради руската инвазија на Украина.
Рубљата падна за речиси една третина на рекордно ниско ниво од 118 рубљи за долар рано утринава, за нешто подоцна да се врати на 102 рубљи за долар.