МАКЕДОНЦИТЕ КОИ СЕ ВО РУСИЈА ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА ОТИ МОЖЕН Е ЦЕЛОСЕН ПРЕКИН НА АВИОЛИНИИТЕ, АПЕЛИРА МНР

    МАКЕДОНЦИТЕ КОИ СЕ ВО РУСИЈА ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА ОТИ МОЖЕН Е ЦЕЛОСЕН ПРЕКИН НА АВИОЛИНИИТЕ, АПЕЛИРА МНРСала за чекирање на аеродромот Шереметјево (Фото: Фејсбук)

    Министерството за надворешни работи апелира до сите македонски државјани кои во моментов се наоѓаат во Русија да ја напуштат земјата бидејќи постои можност за целосно прекинување на авиолиниите. Министерството ги повикува граѓаните и да не патуваат во Руската Федерација.

    „Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија, за затварање на Европскиот воздушен простор за руските авиопревозници, апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат се уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја. Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авиолиниите од и кон Русија“, велат од МНР.

    За поддршка на државјаните на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните телефонски броеви на Амбасадата: + 74 99 124 33 57 (фиксен) + 79 58 643 34 63 (мобилен) е-mail: [email protected] и [email protected].

    Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected].

    „Воедно ги известуваме сите нашите граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од нашата држава, да ги следат и да се информираат само од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва“, велат од МНР.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира