Светската теквондо федерација му го одзеде почесниот црн појас на Владимир Путин поради руската инвазија на Украина.
Повикувајќи се на своето мото „Мирот е подрагоцен од победата“, Светската теквондо федерација ја осуди руската воена акција во Украина, велејќи дека „бруталните напади на невини животи ги прекршуваат вредностите на почит и толеранција што ги негува овој спорт“.
„Поради тоа, одлучивме да го повлечеме почесниот црн појас деветти дан, што му беше доделен на Владимир Путин во ноември 2013“, се вели во соопштението на Федерацијата.
Ова следува два дена откако Меѓународната џудо федерација кажа дека го суспендира статусот на Путин како нејзин почесен претседател и амбасадор.