Германската сојузна влада одлучи да го назначи Мануел Зарацин за специјален претставник на сојузната влада за земјите од Западен Балкан, соопшти германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
„Посебно сум задоволна затоа што високо го ценам Мануел Зарацин и знам многу добро дека ќе ги промовира интересите на Западен Балкан со голема посветеност“, кажа таа.
Баербок вели дека стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан е врвен приоритет, посебно во актуелната ситуација. Понатаму, таа објаснува дека сојузната влада ја создала позицијата специјален претставник за да им помогне да напредуваат со развојот и да ги поддржува најдобро што може во реформските процеси.
Зарацин ќе соработува со Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, и Кристијан Шмит, високиот претставник за БиХ.
„Силен, стабилен и мирен Западен Балкан ќе има клучно влијание во иднината а ЕУ“, вели министерката.