Во заедничка акција на инпекторите на Град Скопје и Општина Центар исчистена е депонија со 700 гуми од приватен имот во населбата Крњево. Старите и оштетени гуми кои се потенцијален извор на загадување so палење се исчистени со механизација ангажирана од Градот, а трошокot ќе треба да го плати сопственикот на имотот.
Од Град Скопје велат дека во наредниот период заедно со Општините ќе имаат координирани акции за чистење депонии и сметилишта на приватен имот.
„Акцијата опфаќа евидентирање, пронаоѓање на сопствениците на имотот, задолжување со записник и решение за чистење на имотот во даден временски рок. Доколку субјектите не постапат по решенијата, имотот ќе го исчистат јавните комунални претпријатија на трошок на сопственикот“, велат од Град Скопје.