„АЕРОФЛОТ“ ОД 8 МАРТ ЌЕ ЛЕТА САМО ЗА БЕЛОРУСИЈА

    „АЕРОФЛОТ“ ОД 8 МАРТ ЌЕ ЛЕТА САМО ЗА БЕЛОРУСИЈАБројни држави им забранија на руските авиокомпании да го користат нивниот воздушен простор (Фото: Шатерсток)

    Рускиот национален авиопревозник „Аерофлот“ објави дека на 8 март ќе ги суспендира сите меѓународни летови, со исклучок со Белорусија. Ова следува откако државната агенција за авијација препорача сите руски авиокомпании кои изнајмуваат авиони од странство да ги прекинат сите патнички и товарни летови надвор од Русија.

    „Домашните линии и летовите со соседната Белорусија остануваат непроменети“, соопшти „Аерофлот“.

    Велика Британија, ЕУ, САД и Канада веќе им забранија на сите руски авиокомпании да го користат нивниот воздушен простор, што значително им го усложни патувањето преку други маршрути. Русија одговори со реципроцитетна мерка.

    Најголемата руска приватна авиокомпанија „С7“ денеска ги запре сите меѓународни летови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира