ДЕНЕСКА ЌЕ НЕМА ЕВАКУАЦИЈА ОД МАРИУПОЛ, ВЕЛИ ЦРВЕН КРСТ, ВО ГРАДОТ НЕМА СТРУЈА, ВОДА, ГРЕЕЊЕ И МОБИЛНИ ВРСКИ

    ДЕНЕСКА ЌЕ НЕМА ЕВАКУАЦИЈА ОД МАРИУПОЛ, ВЕЛИ ЦРВЕН КРСТ, ВО ГРАДОТ НЕМА СТРУЈА, ВОДА, ГРЕЕЊЕ И МОБИЛНИ ВРСКИЖител на Мариупол плаче над телото на својот син, кој загина во гранатирањето на 2 март (Фото: АП)

    Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ) кажа дека планираната евакуација на цивилите од Мариупол и Волноваха веројатно нема да почне денеска. Оваа организација требаше да го надгледува извлекувањето на цивилното население од овие два града, кои се под опсада на руските сили со денови и интензивно се гранатираат.

    Русија и Украина утрово договорија да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од Мариупол и Волноваха. Тоа требаше да биде придружено од привремен прекин на огнот, при што беше кажано дека жителите на Мариупол имаат пет часа за да го напуштат градот, по точно одредена маршрута кон северозападниот град Запорожје.

    Сепак, евакуацијата беше одложено, зашто, како што кажаа локалните власти, руските сили продолжиле да го бомбардираат градот. Владимир Путин ги обвини Украинците дека ја саботирале евакуацијата.

    „Продолжуваме со дијалогот со двете страни за да се осигура безбеден премин на цивилите. Сцените во Мариупол и во други градови се срцепарателни“, соопшти ИЦРЦ.

    Од организацијата Лекари без граници кажаа дека во градот владеат многу тешки услови.

    „Вчера собиравме снег и дождовница за да добиеме малку вода. Бројни продавници се уништени, а во аптеките нема лекови. Нема струја, вода, греење, мобилни врски. Луѓето буквално се заглавени во градот, каде што војната дојде ненадејно“, се вели во денешното соопштение на Лекари без граници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира