ЌЕ ГО ЗАТВОРИМЕ ГАСОВОДОТ КОН ЕВРОПА АКО СЕ ВОВЕДЕ ЕМБАРГО НА РУСКАТА НАФТА, ВЕЛИ МОСКВА

    ЌЕ ГО ЗАТВОРИМЕ ГАСОВОДОТ КОН ЕВРОПА АКО СЕ ВОВЕДЕ ЕМБАРГО НА РУСКАТА НАФТА, ВЕЛИ МОСКВАЕвропската Унија добива 40% од гасот и 30% од нафтата од Русија и тешко би нашла замена (Фото: АФП)

    Русија кажа дека би можела да го затвори главниот гасовод кон Европа доколку западот навистина воведе ембарго на руската нафта.

    „Отфрлувањето на руската нафта би можело да има катастрофални последици за светскиот пазар и да предизвика удвојување на цената на нафтата, до 300 долари за барел“, изјави рускиот вицепремиер Александер Новак.

    САД вчера кажаа дека дискутираат со сојузниците за можно ембарго на руската нафта, како дополнителен начин на казнување на Русија за инвазијата на Украина, која влезе во 13. ден. Сепак, Германија и Холандија го отфрлија овој план. Европската Унија добива 40% од гасот и 30% од нафтата од Русија и тешко би можела да најде замена ако дојде до нарушување на испораките.

    „Би било невозможно за кратко време да се најде замена за руската нафта за европскиот пазар. Би биле потребни години и таа нафта повторно би била многу поскапа за европските потрошувачи. Тие најтешко би биле погодени од ембаргото“, изјави Новак.

    Напоменувајќи дека Германија веќе го блокираше гасоводот Северен тек 2, нафтеното ембарго не би поминало без одмазднички мерки, додаде Новак.

    „Имаме секое право да одговориме на тоа и да го запреме дотокот на гасот кој поминува низ Северен тек 1“, кажа Новак.

    Русија е најголемиот производител на природниот гас и вториот најголем производител на суровата нафта на светот, зад Саудиска Арабија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира