Американскиот Конгрес едногласно го договори пакетот од 13,6 милијарди долари помош за Украина и европските сојузници.
Претседателот Џо Бајден оригинално бараше десет милијарди долари за воена, хуманитарна и економска помош, но поддршката од двете партии била толку силна, што сумата прво порасна на 12, а вчера на 13,6 милијарди долари.
„Ќе им дадеме поддршка против тиранија, угнетување и насилни акти на потчинување“, изјави Бајден.
Со четири милијарди долари ќе се помогнат источноевропските земји во справувањето со бегалската криза, најголема во Европа од Втората светска војна.
Лидерите на двете партии се надеваат дека мерките содржани на 2.741 страница ќе бидат одобрени во Претставничкиот дом денеска, а во Сенатот до крајот на неделата.