БРИТАНИЈА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ЗА РОМАН АБРАМОВИЧ, СТОПИРАНА ПРОДАЖБАТА НА ЧЕЛСИ

    БРИТАНИЈА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ЗА РОМАН АБРАМОВИЧ, СТОПИРАНА ПРОДАЖБАТА НА ЧЕЛСИАбрамович веќе објави дека ќе го продаде Челзи (Фото: Скај)

    Британската влада воведе санкции и за сопственикот на Челси, Роман Абрамович. Тој се најде меѓу седумтемина руски олигарси чии средства и имоти се замрзнати.

    Министерството за финансии го опиша Абрамович како олигарх близок на Кремљ и Владимир Путин. Абрамович досега негираше дека има блиски финансиски врски со рускиот претседател или Кремљ. На листата санкционирани се најдоа и Игор Сечин, Олег Дерипаска и Дмитри Лебедев.

    Челси истовремено доби посебна дозвола да продолжи со бројни активности поврзани со фудбалот, но продажбата на клубот е стопирана. Набргу по почнувањето на руската инвазија на Украина, Абрамович објави дека ќе го продаде Челси.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира