Русија ќе бара алтернативи за набавка на резервни делови за авиони во Турција, Индија и други земји, кажа шефот на Росавијација Валери Кудинов на прес-конференција. Тој кажа дека Кина одбила да испорачува резервни делови за авионите на руските авиокомпании.
Руските авиокомпании останаа без поголем дел од своите авиони, откако западните компании кои им изнајмуваат авиони си ги побараа изнајмените авиони назад, поради руската инвазија на Украина. Дополнителен проблем за руските авиокомпании е што најголемите производители на авиони Боинг, Ербас и Ембраер соопштија дека прекинуваат секаква соработка со руските авиокомпании, вклучувајќи сервисирање и резервни делови.
На 5 март, рускиот национален авиопревозник „Аерофлот“ објави дека ги суспендира сите меѓународни летови, со исклучок со Белорусија.