ВО УКРАИНА ЗАГИНА АМЕРИКАНСКИ НОВИНАР

    ВО УКРАИНА ЗАГИНА АМЕРИКАНСКИ НОВИНАР50-годишниот Рено има работено за голем број американски медиуми, вклучувајќи ги „Ен-Би-Си“, „Ејч-Би-Оу“ и „Њујорк Тајмс“. (Фото: Фејсбук)

    Брент Рено, наградуваниот американски новинар и режисер на документарни филмови, е убиен денеска додека известуваше од Ирпин, предградие на украинскиот главен град Киев, соопшти украинската полиција.

    50-годишниот Рено има работено за голем број американски медиуми, вклучувајќи ги „Ен-Би-Си“, „Ејч-Би-Оу“ и „Њујорк Тајмс“.

    Украинските власти кажаа дека тој е убиен во Ирпин, кој е цел на жестоко гранатирање на руските сили изминативе денови, но деталите за неговата смрт засега се нејасни. Според украинските власти, повреден е уште еден новинар.

    Антон Герашенко, советник во украинското МВР, кажа дека Рено „плати со животот за неговиот обид да ги разоткрие подмолностa, суровостa и немилосрдностa на агресорот“.

    Украинските власти на Фејсбук објавија фотографии од новинарската легитимација, пасошот и телото на убиениот Рено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира