УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ДА НЕ НОСАТ МАСКИ, ПРЕПОРАЧА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ  

    УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ДА НЕ НОСАТ МАСКИ, ПРЕПОРАЧА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ  Укинувањето на обврската да се носат маски не важи за наставниците и техничкиот персонал. (Фото: СДК.МК)

    Учениците во основните училишта да се ослободат од обврската да носат маски на училиште за заштита од ковид-19, но тоа да не важи за наставниците и техничкиот персонал, препорача денеска Комисијата за заразни болести. Претседателот д-р Александар Петличковски рече дека оваа препорака нема да биде задолжителна и ако некое од децата сака, може да продолжи да носи маска.

    Исто така, донесена е препорака за зголемување на капацитетот на исполнетост во затворените објекти како опери, театри, кина и друго  од 50 на 70 проценти. А третата препорака е укинување на сертификатите за вакцинација или прележан коронавирус за посета на угостителски објекти на отворено.

    Препораките ќе бидат доставени до Главниот кризен штаб и од таму на Влада, за да бидат донесени во најкус можен рок.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира