Влатко Стефановски ќе го има првиот настап во Младински културен центар во Скопје по 40 години пауза, што ќе биде дел од одбележувањето на јубилејот 50 години МКЦ. Во организација на „Баги комуникации“ и МКЦ, Стефановски ќе одржи концерт на 8 април заедно со своето трио и неколкумина гости.
„Среќен сум што ќе бидам дел од прославата на вака значаен јубилеј и што повторно ќе одржам концерт во МКЦ. Кога по 40 години се враќате на местото каде што ви биле почетоците, тогаш возбудата е голема“, вели Стефановски, кој последен пат настапил во МКЦ во 1982 со „Леб и сол“.
Влатко Стефановски трио го сочинуваат и неговиот син Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара.