ЈАХТА НА РУСКИ ОЛИГАРХ ЗАГЛАВЕНА ВО НОРВЕШКА ЗАШТО НИКОЈ НЕ САКА ДА Ѝ ПРОДАДЕ ГОРИВО

    ЈАХТА НА РУСКИ ОЛИГАРХ ЗАГЛАВЕНА ВО НОРВЕШКА ЗАШТО НИКОЈ НЕ САКА ДА Ѝ ПРОДАДЕ ГОРИВОВладимир Стржалковски не се наоѓа на листата санкционирани Руси од ЕУ (Фото: АП)

    Суперјахтата на рускиот олигарх Владимир Стржалковски стои заглавена во норвешко пристаниште зашто никој не сака да продаде гориво за неа. Поранешниот агент на КГБ, кој се поврзуваше со Владимир Путин, не се наоѓа на листата санкционирани Руси од Европската Унија.

    Јахтата „Рагнар“ долга 68 метри е заглавена во Нарвик од 15 февруари.

    „Ова е дискриминирачки и крајно некоректно“, изјави британскиот капетан на јахтата, Роберт Ланкестер, додавајќи дека во посадата нема Руси.

    „На јахтата работат 16-мина луѓе од западните земји. Немаме ништо со сопственикот“.

    Сепак, локалните снабдувачи со гориво велат дека не сакаат да помагаат ништо што е поврзано со Русија.

    „Зошто би им помогнале? Можат да веслат до дома или да едрат“, изјави генералниот менаџер на компанијата „Холмлунд оил“, Свен Холмлунд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира