Агенцијата за миграција на ОН денеска соопшти дека речиси 6,5 милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина, покрај 3,2 милиони кои веќе ја напуштиле земјата поради воената агресија на Русија која почна на 24 февруари. Тоа значи дека околу четвртина од 44-те милиони жители на Украина биле принудени да ги напуштат своите домови.
Проценките на Меѓународната организација за миграција сугерираат дека Украина за само три недели се приближува кон нивоата на раселување од разорната војна во Сирија, која протера околу 13 милиони луѓе од своите домови и во земјата и во странство.
Податоцоте се во документот објавен денеска од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.
Проекциите исто така покажаа дека „се проценува оти над 12 милиони луѓе се заглавени во погодените области или не можат да заминат поради зголемени безбедносни ризици, уништување на мостови и патишта, како и недостаток на ресурси или информации за тоа каде да се најде безбедност и сместување”.